07.08.2018 - На 23 август ќе се спроведе августовскиот уписен рок во средните училишта

Полуматурантите кои не успејаа да се запишат во средно училиште во јунските пријавувања, имаат можност повторно да се обидат во августовскиот уписен рок. Средните образовни центри ќе примаат документи за упис, една недела пред почетокот на новата учебна година, односно на 23 август. Во конкурсот од Министерството за образование стои дека овој дополнителен рок се однесува само на учениците кои се упатени на поправни испити или испити за побрзо напредување. Сепак, августовските уписи ќе важат за сите полуматуранти, со оглед на тоа што речиси во сите училишта, нема доволно ученици да се формираат паралелките.

Бројот на средношколци секоја година опаѓа и една од најголемите маки на училишните управи е привлекувањето нови ученици. При пријавувањето, учениците поднесуваат: пријава која е бесплатна и се подигнува од училиштето во кое се конкурира, оригинални свидетелства од VII до IX одделение, извод од матичната книга на родените и доколку ученикот има освоено награди од меѓународни и државни натпревари ги доставува дипломите.
Изминатите неколку години, во Гостивар и во Тетово најголем интерес полуматурантите покажуваат за медицина и гимназија. Резултатите од уписите на 23 август, ќе бидат објавени наредниот ден.






 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.