07.08.2018 - Општина Тетово се уште е глува на барањата на жителите од стариот дел на градот

Општина Тетово се уште е глува на барањата на жителите од стариот дел на градот, во однос на подобрување на инфраструктурата и комуналиите. Како приоритет ја наведуваат реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, најруинураната и запуштена сообраќајница во тетовско.


Ова е улицата Гоце Делчев во стариот дел на градот, една од најкатастрофалните сообраќајници. Преполн со дупки и вдлабнатини овој коловоз, никако да се најде на агендата на Општина Тетово. Во повеќе наврати била санирана, но бадијала за неколку месеци пак се раскопува и оштетува.

Граѓаните кои ги затекнавме, велат дека општинските власти никогаш не ги извеле градежните работи како што треба, а во последно време целосно ја дигнале раце од улицата.


Дел од граѓаните во стариот дел на градот пак, сметаат дека општината целосно ги заборавила, и не се грижи за нивните инфраструткурни и комунални проблеми.


Од Општина Тетово како и многи пати досега, велат дека ќе се реконструира улицата Гоце Делчев, но претходно им се дало приоритет на главните улци во Тетово, кои биле важни за социекономски развој. Оттаму велат дека во координација и договор со Македонија пат, реконструкцијата на оваа улица би започнала некаде наредната година.




 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.