07.08.2018 - Пријавени истрели на свадба во тетовски Порој

Жител на тетовски Порој кој правел свадба во дворот од куќата на полицајците кои дошле по пријава за пукање им рекол дека не знаел кој истерал куршуми во воздух, образожувајќи дека не видел поради многуте луѓе на веселбата. Ова се случувало во понеделникот околу 22 часот кога анонимни граѓани телефонски во Полициска станица-Тетово пријавиле нарушен јавен ред и мир, со пукање од огнено оружје, во населба Дреновец. По пријавата, од страна на патролна екипа од Полициска станица-Тетово, е извршена проверка, при што е утврдено дека во село Порој имало свадба каде се најдени чаури.

-Сопственикот на куќата, на 47 години на полицајците им рекол дека некој од присатните гости, испукал неколку истрели, но бидејќи биле во поголем број не видел кој бил тоа. При тоа полицајците нашле четири чаури од пиштолска муниција од непознат калибар, кои се подигнати за понатамошна постапка, инфомираат од СВР Тетово.

Дваесетина минути по овој настан, околу 22 часот и 30 минути според пријавата на 42-годишник од Теарце неговото возило е оштетено од заталкан куршум кога пристигнал во село Џепчиште откако се движел по регионалниот пат Тетово-село Јажинце, заедно со неговата сопругата и две малолетни деца.

-Тој кога стигнал кај муслиманските гробишта, одеднаш слушнал силен удар кај кровот на возилото. Кога излегол забележал дека возило е оштетено од заскитан проектил од огнено оружје.Оштетувањето е фотографирано и се работи на целосно расетлување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Четири случаи на заталкани куршуми и толку оштетени возила беа пријавени на 29 јули во Тетово. Во сите случаи освен материјална штета нема повредени. Се смета дека пукањето од огнено оружје се прави на големиот број свадби кои се случуваат периодов во Тетовско поради присуство на печалбарите во родниот крај.





 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.