06.08.2018 - Неносење шлем е најбројниот прекршок евидентиран од полициските службеници при нивната акциска контрола на тетовско-гостиварското подрачје

Согласно планираните акциски контроли во месец август, во саботата од 18.00 до 24.00 часот, полициските службеници од Секторот за внатрежни работи Тетово- Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, и Полициска станица Гостивар, спроведоа Републичка акциска контрола, во врска со прекршочите што ги чинат возачите на мотоцикли, трицикли, четрицикли, и велосипеди.

Во неа беа откриени вкупно 39 прекршоци и тоа (27 во ТЕ, и 12 во ГВ), каде што најброен е прекршкот за неносење на заштитен шлем ( кацига) и тоа 24 констатирани прекршоци од кои ( 17 во ТЕ, и 7 во ГВ), истотака беа откриени и 8 возачи без возачка дозвола, ( 6 во ТЕ и 2 во ГВ), 4 мотоцикли без регистрација (1 во ТЕ и 3 во ГВ), како и 3 возила со изминат рок на осигурителна полица во Тетово.

Во врска со констатираните прекршоци беа превземени следните мерки: 32 Прекршочни платни налози (20 во ТЕ, и 12 во ГВ), 7 Писмено опоменати возачи во Тетово, едно привремено одземена возачка дозвола во Тетово, и 8 исклучени мотоцикли од сообраќај (6 во Тетово и 2 во ГВ).

Соња Стрезовски

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.