16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце


Изгоре куќа во село Туденце сопственост на семејството Тасевски. Пламените јазици избувнале синоќа околу 22 часот откако удрело гром во покривната конструкција.


Пламените јазици му го уништија речиси целиот дом на семејството Тасевски во Туденце. Горниот кат од куќата е пеплосан, оштетено е и приземјето од водата со која се гасел пожарот.

Семејството вели дека оганот избил откакот на покривната конструкција удрил гром и од пламените јазици биле зафатени сите соби. Вознемирени од трагедијата не сакаа да зборуваат пред камера, но среќа во целата несреќа е што на горниот кат од нивниот дом немало никого. Во големата трагедија никој не е повреден. Пожарот кој избувна синоќа околу 22 часот е целосно локализиран во четири часот утринава

Командирот Алити вели дека имало пожари кои избивале при удар на горм. Апелира на внимателност при неповолни временски услови.

Попладнево семејството Тасевски го посетија преставници на Општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажевски. Општинските власти ја разгледуваат можноста семејството да добие помош потребна за санирање на домот каде нема услови за живот.

 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.