16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

Четириесет и седумгодишниот Ј.С. од тетовското село Требош, вчеравечер околу 20 часот и 30 минути во Полициското одделение Групчин пријавил дека неговиот син Р.С ( 27 ) бил физички нападнат од Р.С.( 35 ) од истото село, кој претходно го побарал телефонски за да се видат кај училиштето.Најпрво Р.С.( 35 ) го удрил со тупаница, а откако Р.С.( 27 ) му возвратил, извадил нож, но тогаш Ј.С, кој во меѓувреме пристигнал на местото, извадил пиштол и го вперил кон Р.С.( 35 ), по што се вмешале други лица и ги разделиле. Нешто подоцна, Р.С.(35) лишен е од слобода и одземен му е нож и метален боксирач, додека на Ј.С.( 47 ) одземен му е пиштолот, кој го поседувал со дозвола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

СВР Тетово информира и за приведување. Ноќеска ( 16 јули ) околу 4 часот и 20 минути во близина на маркет во Тетово, приведен е албанскиот државјанин А.Ѓ.( 33 ), кој не поседувал никакви документи за идентификација. По приведувањето и задржувањето, поради непријавен престрој, предаден е на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.

Полицискиот билтен на СВР Тетово бележи и приведен албански државјанин и пријава за исчезната 41годишна жена. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот син, дваесет И тригодишниот ДМ според кого, вчера околу 10 часот пријавил дека претходниот ден околу 17 часот од дома се оддалечила неговата мајка С.М.( 41 ).Според неговото кажување, таа заминала кај роднини, но не се вратила назад. Се првземаат мерки и активности за пронаоѓање на пријавената С.М.


Соња Стрезовски



 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.