15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

Фактот дека се помасовно деца на се помала возраст експериментираат со наркотични средства не упатува на тоа дека родителите треба да посветат повеќе внимание на своите деца.

Брзо темпо на живот во кое по работното време родителите, но и децата поминуваат многу време на паметните телефони наместо да разговараат, резултура со сознанија дека контролата на родителите врз децата секоја година е се помала, вели психологот во Центарот за социјални работи во Тетово, Оливера Цветковска. Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето.

Најважни според неа се пријателски разговор со своите деца, советување и покажување љубов.

Родителите заедно со децата кои конзумираат дрога треба да побараат помош во соодветните советувалиша во Центарот и да бидат упорни до целосното решавање на проблемот.

Според психологот Цветковска децата и во училиште важно е да се запознаат со негативните последици од употреба на дрога.

Инаку, според податоците од Центарот за социјални работи, во Тетово најмногу се конзумира марихуана и екстази, но секако има и зависници од хероин, кои најчесто помош бараат во невладиниот сектор.

Данијела Билбилоска



 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.