14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

Двајца скопјани на 62 и 65 години вчеравечер (13 јули) околу 21 часот и 30 минути, движејќи се пешки по патека со потпорен сид во мијачкото село Галичник, од засега неутврдени причини се лизнале и паднале во бездна длабока околу 2 метри. Од паѓањето, двајцата добиле телесни повреди, пренесени се во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ и по укажаната лекарска помош, префрлени се на скопските клиники.

Половина час по полноќ на паркинг на регионалниот пат Тетово - село Брвеница, при преземање службени дејствија од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово, поради нарушување на јавен ред и мир со викање под дејство на алкохол, биле предупредени две лице на 20 години од Тетово. Истите почнале да ги омаловажуваат полициските службеници и дрско и агресивно да се однесуваат, а во еден момент се обиделе и физички да ги нападнат. Лицата се приведени во станицата во Тетово по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 2 часот рано утринава во Гостивар на улица „Илинденска“ при спроведување на Републичка акциска контрола, од страна на полициски службеници од Полициска станица Гостивар било сопрено патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од М.Љ.(40) од село Глоѓи. Кога му било извршено алкотестирање и му бил констатиран алкохол во организмот тој почнал да ги омаловажува полициските службеници. Исто така одбил наредба да не продолжи со движење со неговото возило и се обидел да го напушти местото. 40 годишникот потоа е приведен во Полициска станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од СВР Тетово и информација за дека од 23 до 2 часот и 40 минути е спроведен акциска контрола во два угостителски објекти на тетовското подрачје. Во угостителски објект, лоциран покрај патот за тетовското село Фалише, затекнати се 21 женско лице, од кои 18 од Република Албанија, 1 од Косово и 2 македонски државјанки, кои биле ангажирани како пејачки, танчерки и келнерки.Во угостителскиот објект во Тетово затекнати се 11 женски лица, од кои 3 од Република Албанија, 2 од Република Србија, 1 од Република Бугарија и 5 македонски државјанки. Поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, странските државјанки на возраст од 19 до 32 години се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, по што се предадени во Отсекот за странци, прекуграничен криминал, миграции и реадмисија за натамошна постапка.




 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.