10.07.2018 - Стручна помош и подршка за мајката од тетовско Желино кое го остави бебето пред домот за доенчиња



Стручна помош и подршка за мајката од тетовско Желино кое го остави бебето пред домот за доенчиња во Битола треба да биде поголем приоритет на институциите, отколку нејзиното гонење, сметаат невладините организации.

Од Меѓаши, велат дека мајката сакала само да ја заштити нејзината ќерка затоа се одлучила да ја остави токму пред оваа институција. Надлежните служби треба да работа со неа на ресоцијализација, и да и помогнат околу нејзината одлука, дали бебето ќе биде дадено во згрижувачко семејство или таа и понатака ќе биде родител.


Од Центарот за социјални работи Тетово, накусо ни рекоа дека работат на процес на ресоцијализација на мајката.


Од СВР Тетово велат дека невенчаниот сопруг на малолентичката ќе се соочи со кривина пријава поради вонбрачен живот со малолетно лице, со ваква пријава ќе се соочи и таткото на девојката затоа што дозволил да живее во вонабрачна заедница, иако не наполнила 18 години.

Од полицијата заега нема никакви информации за гонење на 17 годишната мајка, иако по утрврдувањето на нејзиниот идентитет од СВР Битола против неа најавија кривична пријава.

Од Меѓаши, немаат бројки колку новородечниња има од малолетнички бракови и колку од нив завршуваат како бебето од тетовско Желино. Исходот од ваквите случаи зависи од домашната средина, но и воспитно - образовниот процес. Мора со девојките но и со момчињата да се работи превентивно пред се преку сексуална едукација.


Мајката го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола на 2 јули некаде по полноќ. Случајот ги пријавил случаен минувач Дететот веднаш било згрижено во домот, каде и денеска се наоѓа во добра здравствена состојба. Полицијата преку сината штипка на папочната врвка и алката со бројче на бебето, откри дека дека тое е родено во тетовската болница и и припаѓа на 17 годишна жителка на тетовско Желино, која е мајка на уште едно дете.



 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.