10.07.2018 - СВР Тетово објави шест месечен биланс на сообраќајани несреќи случени на тетовското подрачје

Четири загинати, 21 тешко и 372 лесно повредени лица е шестемесечниот биланс на последиците од 397-те сообраќајни несреќи кои во овој период се случиле на поширокото тетовско подрачје. Во нив, причинета е и вкупна материјална штета која се проценува на близу 18 милиони денари.

Од загинатите во несреќите, 3 се сопатници и 1 мотоциклист.Меѓу тешко повредените, исто така, најбројни се сопатниците 205 и возачите ( 114 ), додека со бројка од 37 застапени се пешаците.

Најголемиот број од учесниците во сообраќајните несреќи во првото шестмесечие се машки лица ( 616 ), претежно на возраст над 18 години, а регистрирани се и 14 малолетници, меѓу кои се среќаваат и деца.

Во периодот за кој станува збор 10 велосипедисти биле непосредни учесници во несреќите и 8 трактористи, како и 38 лица кои управувале товарни возила, најчесто камиони со приколки или комбиња. Најмногу од несреќите биле во движење ( 220 ), во населено место, пред се на тетовските градски улици во централното подрачје, а потоа на околните регионални патишта и автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.