10.07.2018 - Министерот за култура изврши увид во работите на објектот на новиот театар во Тетово

Објектот на новиот театар и библиотека во Тетово траба да биде изграден до крајот на оваа година, додека внатрешноста ќе се уредува идната година. Ова го најави министерот за култура Асаф Адеми, при неговата посета на објектот во градба за да увиди за текот на активностите на терен.

Следната година, ако работите течат според предвиденото, Тетово ќе добие нови простории за театар, простор за библиотечен фонд, кино сала, амфитетар и паркинг.

За изградбата на објектот предвидени се 13,5 милиони евра, а дополнително ќе има потреба од нови средства за уредувањето на внатрешноста.

Додека се гради новиот објект, за постојниот Центар за култура Иљо Антески Смок, министерот Адеми истакна дека не се предвидени средства за инвестирање во обнова, но дека врз основа на евентуално доставено барање од страна на управата на Центарот тоа ќе биде направено идната година.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.