09.07.2018 - Низ Тетово течат фекалии

Од Улицата која води кон автобуската и железничката станица во Тетово повторно изби атмосверската канализација, која е помешана со фекални води. Граѓаните со децении со соочуваат со овој проблем, и бараат негово конечно решавање.


Патниците пред да се качат на автобус или воз ги пречекува неподнослива смрдеа. Во и околу кругот на автобуската и железничката станица во Тетово деновиве се шири миризба на фекалии, откако започна водата од атмосверката канализација да избива на површина.

Сопствениците на локалите во овој дел на градот, кои се најзагрозени од оваа еколошка катастрофа, велат дека се децениии се соочуваат со овој проблем. Но во последно време е се поголем, затоа што на атмосверката канализација на диво се приклучуваат новоизградени објекти, каде ги поврзуваат и нивните тоалети.

Од Секторот водовод и канализација при Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека се запознаени со проблемот кој е поизразен после секој пороен дожд. Истакнаа дека е потребна целосна реконструкција на канализационата мрежа во градот, која е претесна да ги прими сите атмосверски и фекални води, дополнително и поради тоа што граѓаните во водоводните и канализациони цефки фрлаат се и сешто.

Од Општина Тетово, не прецизираа дали и кога ќе преземат мерки за реконструкција на канализационата мрежа, која води кон автобуската станица

Истакнаа дека работат на проекти поврзани со подземната инфраструктура во градот, за која првично се предвидено 32 милиони

 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.