19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

Вчера во 21часот и 40 минути на улица ,,Љуботенска,, во близина на сточен пазар во Тетово, при извршена контрола на патничко моторно возило Ауди А6 со тетовски регистарски таблици, било легитимитано лицето Б.А. (23), од село Порој тетовско, при што по извршената проверка е констатирано дека истиот се бара по потерница, при што истиот е приведен без проблеми во Полициска станица во Тетово. На 19.06.2018 год во 00 часот и 20 минути истиот е спроведен во КПУ затвор Тетово.

Полицискиот билтен информира и за пријавен физички напад. Имено, вчера 11.50 часот на булевар ,,Благоја Тоска,, во близина на кружен тек со булевар ,,Маршал Тито,, лицето И.Р. (32) од село Камењане, пријавило физички напад извршен врз него од страна на лицето Х.Ќ. (62) од Тетово, на начин што истиот ден поради недоразбирање во врска со првенсво на минување, физички бил нападнат, со боксови по главата и лицето бил неколку пати удрен, при што истиот му возвратил во обид на самоодбрана. При тоа со бокс, му бил скршен и ветробранско стакло на возилото, веднаш потоа биле разделени од страна на случајни минувачи, каде што еден од нив, и го пренесел нападнатиот во Клиничка болница Тетово, за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот при што према напаѓачот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.

Од таму информација и за сообраќајна незгода во која повредено е единаесетгодишно момче од Тетово. Истата се случила вчера во 19.00 часот на улица ,,Благоја Тоска,, во близина на стадионот, помеѓу: патничко моторно возило ,,Фиат пунто,, со тетовски регистерски ознаки управувано од 65 годишниот Л.З. од Тетово и велосипед марка Лиал управувано од 11 годишно дете од Тетово. Со телесни повреди се здобил велосипедистот, кој со друго возило бил префрлен во Клиничката болница Тетово, и по укажаната лекарска помош, бил пуштен на домашно лекување. По извршениот увид, се работи целосно расчистување, документирање како и констатирање на причината поради која е дојдена до сообраќајната незгода.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.