13.06.2018 - Седница на Совет на општина Тетово

Две седници по ред, тетовските советници го одложуваат прогласувањето на нови еднонасочни улици во Тетово со образложение дека не се извршени консултации со сите засегнати и надлежни органи. За кои улици станува збор, ниту советниците немаат добиени потребни информации. Претседателот на комисијата за комунални дејности, Александар Велјановски побара повлекување на точката од дневниот ред на денешната 7 -ма седница поради консултации со МВР.

Од денешниот дневен ред беше изземено и гласањето на членови на младинскиот совет откако се јавија несогласување за партиската припадост на предложените членови. Советничката од Беса, Хатије Етеми реагираше дека нема застапеност на претставници на сите политички партии во Советот на млади, на што зеде збор градоначалничката Теута Арифи која рече дека ова тело не е партиско туку дека е создадено да ги решава проблемите на младите во Тетово. Етеми тогаш рече дека треба да се предложат нови кандидати бидејќи очигледно е дека сега предложените се политички активни.

На денешната седница едногласно беше усвоена одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Јегуновце, Боговиње и Желино. Соработката како што образложи градоначалничката Арифи е во делот на заштитата од елементарни непогоди, посебно од поплави и во делот на складирањето на сметот во регионалната депонија Русино.

Пред советниците денес се најдоа иголем број точки од дневниот ред кои се однесуваа на убанистички прашања. Од практична причина ги поделина во две групи и ги гласаа заедно предлог одлуките за измени на урбанистичко планска докуметација и предлог одлуките за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанисточко планската докуметација.

Вршителот на должноста шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Џеф Голдстајн ја искористи денешната седница да им додели благодарници на тетовските советници за учество во работилница во Охрид и рече дека е многу важно да се овозможи непречено присуство на седниците на Советот на заинтересирани граѓани, невладини здруженија и други засегнати страни.

Тетовските советници денес договорија уште една седница за одржување на почетокот на јули пред годишните одмори, а после тоа повторно да се сретнат на крајот на август.


Наташа Петровска


 
     


 
 
22.06.2018 - За викендов е закажан меморијалниот марш Марко Илиевски во организација на планинарскиот клуб Тетекс од Тетово

21.06.2018 - Здружението Институт за развој на заедницата заедно со своите партнери развија методологија за дистрибуција на средства од буџетот на општината

21.06.2018 - 52-годишен жител на Јажинце вчеравечер во полиција пријавил физички напад

21.06.2018 - Јетон Беќири е новиот тренер на фудбалскиот клуб Ренова

20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.