10.06.2018 - Голем црковно народен собир во Долно Палчиште



Првата недела од Петровденските пости, денес, со голем црковно народен собир се одбележа во црквата "Свети Спас" во тетовското село Долно Палчиште. Чествувањето започна со отслужување на света богослужба, по што беше преражан кумскиот колач и беше благословена пченицата.

Светата тајна причест ја примија децата и верниците кои послетеле со благослов на нивниот духовник. На сите присутни им беше поделен и кумскиот колач, но на ова одбележување во црквата Свети Спас во Долно Палчиште кумовите се пријавуваат доброволно.

Традицијата е востановена пред многу години кога на првата недела од постот пред празникот Петровден се осветувало масло кое потоа верниците во шишенца го носат дома како симбол за здравје и благосостојба.

Голем беше бројот на верници, а радува што особено имаше голем број деца кои дојдоа денес да ја продолжат традицијата во Долно Палчиште. На црковно народниот собир дојдоа исселените мештани на ова село, некогашните жители на околните села, а имаше и голем број верници од подалечните села, но и од дијаспората.

Собирањето за празниците е единствениот начин да заживее ова црковно светлиште во Долно Палчиште кое последниот бран на исселување го испразни од православно население.

Тетка Стана и чичко Гавро ова парче земја со своите вредни раце го имаат претворено во вистински рај, за очи и за душа. Чистиот воздух и недопрената природа ги мами посетителите, а во иднина се надеваат дека местото повторно ќе заживее како во некои минати времиња.


Според обичаите за одбележувањето на првата недела на Петровденските пости, по отслужената богослужба и маслосветот верниците се собираат во дворот на црквата на заеднчко дружење, а веќе традиционално ги забавува и бенд со музика во живо.

За сите присутни верници на денешниот голем црковно народен собир по повод првата недела на Петровденските пости во црквата "Свети Спас" во тетовското село Долно Палчиште.беше приредена братско сестринска трпеза на љубовта.

Наташа Петровска

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.