23.05.2018 - Полициски билтен

Вчера околу 13 часот и 30 минути, додека 15 годишно лице од тетовското село Стримница се движело од Желино кон Палатица со патничко моторно возило "Мерцедес", со тетовски регистерски таблици, а во кое биле уште четири малолетни лица, било нападнато од 16 годишно лице од село Желино. Имено, сторителот управувајќи патничко моторно возило "Опел Корса" со тетовски таблици, во кое се наоѓале, исто така, четири лица, во село Палатица физички го нападнал 15-годишникот од Стримница и уште едно лице кое било во возилото, а го оштетил и возилото "Мерцедес", по што набрзина го напуштиле местото, информира СВР Тетово. Во Клиничка болница Тетово на две лица им била укажана лекарска помош. Извршен е увид, додека во полициска станица, во присуство на нивните родители, повикани се пет малолетни лица од Желино. Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Следната информација на СВР Тетово зборува за повреден пешак. Имено, завчеравечер околу 23 часот и 10 минути, на улица „167“ во Тетово, патничко возило „Опел корса“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 67-годишниот Ј.А. од Голема Речица, удрило во 69-годишниот пешак М.Б. од Тетово.Повредениот пешак, со медицинско возило пренесен е и задржан во тетовската клиничка болница за натамошно лекување. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.