22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

Откриено едно лице кое е осомничено дека сторил две кражби во џамија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишник од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба” и ,,кражба”.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи во текот на 2016 година во џамијата „Табана” на ул. „,Мирче Ацев” во Тетово пријавениот, заедно со уште едно непознато лице, со употреба на физичка сила го отвориле сандачето за донирање на парични срества на верниците и одзеле околу 8.000 денари.

На 16.05.2018 година во истата џамија, пријавениот заедно со уште едно непознато лице, од метален сеф кој бил отворен одзеле од 3.000 до 8.000 денари.

Верските објекти се честа мета на кратците. Во текот на овој месец беа извршени и 6 тешки кражби во православни цркви во Тетово, Копанце, Радиовце и Подбреѓе, за кои сторители биле две лица кои во разговор во полициска станица ги признале делата.

Карактеристика на кражбите во црвките и џамиите е тоа што најчесто повеќе прават материјална штета, отколку што наоѓаат банкноти.


 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.