21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи


СВР Тетово изминатиот викенд спроведе сообраќајни контроли, во кои евидентира 29 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

---------------------------------------------

Изминатите два дена од викендот, на поширокото тетовско подрачје спроведена е сообраќајна акциска контрола за алкохол, со која вкупно биле опфатени 348 возачи, а од кои 214 се алкотестирани.

Од алкотестираните, кај 29 откриено е присуство на алкохол, односно тие ги управувале возилата во алкохолизирана состојба, поради што сите се исклучени од сообраќај, додека на 27 времено им се одземени и возачките дозволи.

Покрај тоа, на „алкохолизираните“ изготвени им се и соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 250 до 500 евра во денарска противвредност.

Во овие активности, исто така, биле констатирани и шеесетина други прекршоци, кои адекватно се заокружени со поднесоци.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.