16.05.2018 - Неколку лица од Тетово вмешани во недозволена трговија со наркотици, кокаин и марихуана

Тетовци биле дел од организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со наркотици, кокаин и марихуана, која е идентификувана и сузбиена од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

По низата оперативни мерки и активности, вчера врз основа на наредба на Судија на претходна постапка извршни се претреси на неколку локации и тоа на подрачје на Тетово (три претреси) и Прилеп (четири претреси) со цел лишување од слобода на лицата припадници на групата, и дополнително обезбедување материјални докази околу организираните транспорти на кокаин и марихуана. Така, во рамки на криминалистичкото истражување обезбедени се докази за два транспорти на наркотична дрога и остварена е соработка помеѓу МВР и ЈО на Р.Македонија и Р.Србија.

Во првиот случај утврдено е дека лицата Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово, во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 кг кокаин по цена од 25.000 евра и смеса за мешање. За таа цел организирале транспорт при што кокаинот го сместиле во возило Мерцедес со белгиски регистарски ознаки со намера да го пренесат од Белгија до Р.Македонија.

На 23.09.2017 година на излез од Р.Србија (ГП Прешево), од страна на српски полициски и царински службеници сопрено е возилото Мерцедес со белгиски регистарски ознаки, управувано од страна на Н.Д., по што истиот се дал во бегство, илегално ја преминал границата и влегол во Република Македонија. По извршен преглед на возилото пронајдени се два пакети наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 440 грама и смеса за мешање (фанацетин и манитол) со вкупна маса од 1330 грама.
Паричните сретства за набавка на кокаинот по инструкции од Н.Д., се префрлени од страна на Е.А. (35) од Прилеп, за лицето од Белгија

Во рамки на вториот случај, пак, утврдено е дека лицето Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со лицето А.М. (53) од Тетово ја сместиле во товарно моторно возило. Притоа Ј.И. го ангажирал лицето И.И. (70) од Тетово, да изврши транспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Р.Србија. На 20.12.2017 година од страна на полициски службеници на Р.Србија во близина на Владичин Хан, сопрено е ТМВ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.И. во кое, по извршениот претрес, во резервоарот биле пронајдени 131 пакувања со марихуана. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 128 килограми и 670 грама.

Против инволвираните во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.