16.05.2018 - Сообраќајна незгода, проведен гостиварец и кражба се настаните кои ги бележи тетовската полиција

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска околу 4 часот и 20 минути го привеле 36-годишниот Б.Н. од гостиварското село Чегране, осуден на затворска казна од 3 години и 6 месеци за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. По приведувањето и кусото задржување, реализирани со судска наредба, чегранецот Б.Н. предаден во во КПУ „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна, информира СВР Тетово.

Од полицискиот билтен и информација за кражба. Имено, четириесет и седумгодишниот тетовец А.Т, вчеравечер ( 15 мај ) околу 21 часот и 40 минути, пријавил кражба на женска чанта, која претходниот ден во периодот од 20 до 23 часот се случила во нивната куќа.Засега непознати сторители, преку незаклучената врата влегле во куќата додека домашните биле на горниот кат и од ходникот во приземјето ја одзеле чантата во која имало:21.000 денари, околу 1000 евра, разновиден златен и сребрен накит, 8 банкоматски картички и два пара клучеви од куќата.Со одземеното, незабележани од никого се оддалечиле, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на 120 илјади денари.Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите.

За повредени пешаци информира полицијата во продолжение. На пешачки премин на улица Браќа Миладинови“, во близина на кружниот тек со Булеварот Видоја Смилевски-Бато во Тетово, вчера ( 15 мај ) околу 17 часот и 30 минути, патничко возило Голф без регистерски таблици, кое го управувал непознат возач удрило во пешаците А.Д.( 22 ) од Џепчиште и Б.Т.( 22 ) од Гајре и веднаш го напуштило местото.Повредените пешаци пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.Извршен е увид и се работи на откривање и пронаоѓање на возачот, учесник во оваа сообраќајна несреќа.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.