16.05.2018 - Бруто платата на државен службеник е за 10 илјади повисока од просечната во државава



Од 18.174 денари просечна месечна нето плата кај административните државни службеници во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор до 90.215 денари просечна месечна нето плата во Регулаторната комисија за домување е движењето на платите во јавната администрација, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа “.

Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017. Ваквото тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот е во постојан пораст и од 42,474 во 2010, се искачил на 47,364 во 2016, што претставува околу 15% од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период.

Според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци по вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е за скоро 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто плата во Република Македонија за 2016 година.

Анализата покажува дека најголеми средства за бруто и нето плати по вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето плата по вработен, а најниски месечни расходи за бруто и нето плати во 2016 година биле реализирани во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето плата по вработен.

Што се однесува пак до платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето плати на сите 10 институции се движат од 58.291 денар месечна бруто, односно 39.033 просечна месечна нето плата по вработен, во Комисијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 136.194 денари просечна месечна бруто или 90.215 денари просечна месечна нето плата по вработен, во Регулаторната комисија за домување.


Наташа Петровска


 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.