16.05.2018 - И пешаците во сообраќајот прават прекршоци

Во рамките на севкупните превентивно-контролни активности што и годинава ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово за поголема безбедност на пешаците и за подобрување на нивната свест и сообраќајна култура, вчера на тетовско-гостиварското подрачје од 12 до 16 часот, спроведена е уште една од серијата акциски контроли.

Со тетовската контрола вкупно опфатени биле 25 пешаци, при што се откриени 17 прекршоци. Шест пешаци ги преминувале улиците надвор од обележани премини, пет не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци и наредбите на полициските службеници, исто толку некористеле тротоар, двајца се задржале на коловоз, а еден направил друг вид прекршок.

Нивните прекршоци заокружени се со 17 прекршочни платни налози, 14 покани за сообраќајна поука и со 2 писмени опомени.

Вкупниот број на прекршоци констатирани во гостиварската контрола изнесувал 12. Впрочем, толку пешаци ги преминувале улиците надвор од обележан премин и поради тоа изготвени им се соодветни платни налози, како и 12 покани за сообраќајна поука.

Целта и на вчерашната акциска контрола е да се придонесе за поголем сообраќаен ред на тетовските и гостиварските улици, со напомена дека глобите за вакавите прекршоци се движат од 25 до 45 евра во денарска противвредност.

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.