15.05.2018 - Прослава на Свети Атанасиј - летен во село Требош



Празникот Свети Атанасиј денес традиционално со црковно-народен собир се прослави во тетовското село Требош. Во патроната црква попаднево света богослужба отслужи отец Дарко Наумовски, по што го прережа кумскиот колач, а паричките ги одредија кумовите за следната година. За догодина доброволно се пријавија уште двајца кумови, со што бројот на кумови ќе биде пет.



Деновите кога се празнува Свети Атанасиј зимен и Свети Атанасиј летен се од ретките денови кога на едно место се сретнуваат роднините и некогашните соседи на село Требош. Традицијата за собирање на исселените жители на ова село по повод празниците за среќа и понатаму опстојува. Радува глетката што децата, како продолжувачи на вековните обичаи секогаш се присутни.



За жал село Требош ја дели судбината со неколкуте села во полошко од каде православното население мигрира во други населени места. Црковниот храм остана да ги држи корените на исселените требошани.



За присутните верници на црковно народниот собир по повод патрониот празник во Требош годинешните кумови приредија братско-сестринска трпеза на љубовта. Прославата на празникот Свети Атанасиј Летен со песни и ора продолжи до доцните попладневни часови.


Наташа Петровска


 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.