15.05.2018 - Православните христијани денес го чествуваат празникот посветен на Св. Атанасиј

Со црковно народен собир денес традиционално се одбележа празникот "Свети Атанасиј летен" во патроната црква во село Фалише.

Голем беше бројот на верници од селото, од околните населени места, кои дојдоа да му оддадат почит на симболот на православието и заштитникот на селото Свети Атансиј. Празнувањето започна со света литургија во храмот, која ја отслужи парохискиот свештеник Љубиша Блажевски.

Прославата на Свети Атанасиј Летен продолжи во црковниот двор со благословување на пченицата и режење на кумските колачи.

За прославата на празникот Свети Атанасиј во село Фалише секоја година има по седум комови од различни делови на селото. И годинава се предаде кумството на новите кумови. Годинешните, пак, велат дека е чест да се биде кум на празник.

Традицијата на празнување на "Свети Атанасиј - летен" трае одамна, а младите се трудат да ја продожат и да ја негуваат.

Традиционално по повод патрониот празник на црквата "Свети Атанасиј" во Фалише за сите присутни верници од страна на годинешните кумови беше приредена братско сестринска трпеза на љубовта.

Црковно-народниот собир во дворот на црквата во Фалише беше збогатен со настап на играорците од КУД Бранко Чајка.

За музичкиот дел беше задолжен Маестро бенд, со што прославата на денешниот празник продолжи со песна и ора до доцните попладневни часови.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.