15.05.2018 - Пешак е повреден во Тетово, бележи билтенот на случувања

На Булеварот „Илинденска“ во Тетово, вчера ( 14 мај ) околу 10 часот патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици, кое со важечка забрана го управувал 45-годишниот тетовец Љ.Н, удрило во 74-годишниот пешак Џ.И. од Тетово. Повредениот пешак со истото возило пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.
Вчера ( 14 мај ) околу 16 часот и 30 минути, патничко возило „Рено меган“ со гостиварски таблици, што го управувал 48-годишниот гостиварец П.С, удрило и усмртило куче, кое поради необезбедениот автопат, неконтролирано се движело по коловозот. Од удирањето во животното, нема повредени лица во возилото, а причинетата материјална штета се проценува на 20 илјади денари.

Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ била донесена 28-годишната гостиварка М.Ш, која претходно се затрула, односно испила 12 таблети седативи. По укажаната лекарска помош, во контактибила состојба, пуштена е дома.

Ноќеска ( 15 мај ) половина час по полноќ, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово привеле 31-годишник од тетовското село Одри, осуден на затворска казна од година и осум месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.По приведувањето и кусото задржување, реализирани со судска наредба тој е предаден е во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

Соња Стрезовски

 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.