15.05.2018 - Кривични пријави заработиле четворица вработени во општина Јегуновце

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Т.К. (50) од Скопје, Д.С.(42) од с. Јанчиште, тетовско, Р.М. (46) од с.Беловиште, тетовско и Д.К. (41) од с.Туденце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување, ,,несовесно работење во службата,,, ,,соизвршителство,,.

Како што информираше МВР во денешното известување во периодот од 01.01.2017 до 30.11.2017 година, првопријавениот во повеќе наврати им овозможил на вработените во општината да ставаат гориво во нивните приватни возила на сметка на општината. На тој начин го оштетил буџетот на општина Јегуновце за 214.515 денари. Исто така, во периодот од 01.09.2017 до 30.11.2017 година, тој одобрил нарачки на бекатон плочки, од фирма од Тетово, кои потоа биле доставувани на повеќе физички лица, со што го оштетил буџетот на општина Јегуновце за 1.057.026 денари. Во текот на 2017 година, првопријавениот, спротивно на Законот за јавни набавки, одобрил јавни набавки во износ од 500 евра во денарска противвредност без да бидат оданочени со ДДВ, додека во повеќе наврати им овозможи привилегиран статус на четири фирми, кои вршеле набавки за различни потреби на општината, со што го оштетил буџетот на општина Јегуновце за 1.140.224 денари.

Во текот на 2017 година, второпријавениот, како раководител на Одделот за финансии во општина Јегуновце и претседател на комисијата за јавни набавки, работејќи спротивно на Законот за јавни набавки го оштетил буџетот на општината за 3.176.679 денари. Во истиот период, третопријавениот, како возач во општина Јегуновце, не водел никаква евиденција за службените возила а платежните картички за точење на гориво во службените возила ги распоредувал на вработени лица во општината со го оштетил буџетот на општина Јегуновце за 50.901 денари.

Четвртопријавениот, како помлад соработник за заштита, спасување управување со кризи во општина Јегуновце, е осомничен дека преку злоупотреба на службена должност се стекнал со противправна имотна корист од 21.919 денари, за кој износ го оштетил буџетот на Општина Јагуновце. Пријавените, со извршените кривични дела го оштетиле буџетот на општина Јегуновце во вкупен износ од 5.661.354 денари.

Соња Стрезовски



 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.