26.04.2018 - Семејна драма во Теново, сопругот ја тепал сопругата и ќерката



Триесет и деветгодишна жителка на тетовското село Теново, вчера околу 16 часот пријавила семејно насилство извршено врз неа и мајка и од нејзиниот 66 годишен татко, соопшти СВР Тетово. Двајцата сопружници најпрво започнале меѓусебна вербална расправија, по што сопругот физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со тротинет по рацете. Се вмешала ќерката со намера да ги раздели, но и таа била нападната, а потоа мајката и ќерката успеале да влезат во куќата и да ја заклучат вратата. Пријавениот зел мотика и се обидел да ја отвори вратата, меѓутоа не успеал да го направи тоа, освен што го скршил стаклениот дел. Набрзо по пријавувањето, лишен е од слобода и се работи на целосно расветлување на сите поединости поврзани со случајот.

Како што соопшти СВР Тетово, дваесет и тригодишен гостиварец вчера околу 11 часот пријавил дека со непознато женско лице со кое неодамна се запознал преку социјалната мрежа Фејсбук споделил неколку контраверзни, компромитирачки фотографии. По извесно време непознатата со порака му се заканила дека ќе ги објави фотографиите и му побарала 1063 евра. Меѓутоа, кога и рекол дека нема толку пари, се согласила тој да и уплати 100 евра, а дека таа веднаш ќе ги избрише фотографиите. Наместо тоа, непознатата продолжила да бара уште пари. Се превземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Шеесет и четиригодишен тетовец наставник во Основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово, вчера околу 17 часот пријавил дека во близина на кантата за отпадоци во училиштето пронашол нож на расклопување, соопшти СВР Тетово. Според неговото кажување, ножот претходно го фрлил ученик, кој од други ученици претходно бил забележан како низ ходникот го носи во рака.

Ножот е фотодокументиран и со потврда одземен. Се работи на расчистување на случајот.


Наташа Петровска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.