26.04.2018 - Советот на Општина Тетово ја одржа петтата седница

Најголемиот број од точките на дневниот ред се однесуваа на избор на претседатели и членови на Комисии на Советот на Општина Тетово.

Претседател на статусно-правната комисија ќе биде Аднан Билали, на комисијата за финансирање и буџет Бесар Дурмиши, на комисијата за урбанизам и заштита на животната средина Живе Алексовски, на комисијата за комунални дејности Александар Велјановски, на комисијата за јавни дејности Ариф Селмани, на комисијата за награди и признанија Џулсен Нухи, на комисијата за полова рамноправност Зана Каса, на комисија за проценка на штети од елементарни непогоди Гуцим Абдулаи, додека претседател на комисијата за односи меѓу заедниците поради технички причини ќе биде избран на следната седница.

На седницата беше верификуван и мандатот на новиот член на Советот, Љуљзиме Пајазити од Беса, додека на местото на сегашниот претседател на Советот, Беким Мемети, советниците го изгласаа предлогот - нов член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања да биде Хатиџе Цека. Покрај тоа беше усвоен и предлогот за разрешување на двајца членови во Управниот одбор на Јавното претпријатие Градски паркинг.

Како дополнување на дневниот ред беше точката со која беше дадена согласност за изготвување на целосна документација за изградба на нова градинка, која на барање на Владата треба да и биде доставена до 2 мај.


На денешната седница беше одлучено дека сите советници ќе бидат овластени за склучување бракови на подрачјето на општина Тетово, при што ќе се менуваат еднаш неделно.

Инаку и Општина Тетово ќе учестува во расправата на Министерството за финансии, со тоа што ќе достави во писмена форма, предлог, објектите за игри на среќа да не се поставуваат покрај училишта, универзитети и верски објекти.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.