25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

Пијан седумдесет и едногодишен жител на Брвеница вчеравечер околу 20 часот и 40 минути со ловечка пушка “ИЖ-58 “ калибар 16 милиметри, испукал два куршуми во плафонот од дневната соба, во која седел заедно со неговиот 53-годишен син М.Г. и конзумирале пијалоци. Двајцата брвеничани, кои живееле сами во куќата, најпрво меѓусебно се расправале и навредувале, по што С.Г. посегнал по пушката, што ја поседувал со дозвола, а потоа го пријавил случајот во Полициската станица Тетово. Извршен е увид, пронајдена и одземена е пушката и колан со 18 куршуми, додека С.Г. и М.Г. лишени се од слобода и задржани за целосно расчистување на случајот.

Полицискиот билтен на СВР Тетово бележи и сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на семафорите во близина на Церовскиот мост. Истата ја предизвикал моторцикл „Сузуки“ без регистерски таблици, кој без возачка дозвола го управувал 21-годишниот гостиварец Е.О, удрил во запрено товарно возило „Фолсфаген крафтер“, управувано од 51-годишниот скопјанец С.П. и задобил тешки телесни повреди ( фрактура на десен скочен зглоб).Повредениот моторциклист со медицинско возило пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување лекарска помош, информира СВР Тетово.Според првичните сознанија од извршениот увид, причина за несреќата е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 60 илјади денари.

Соња Стрезовски

 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.