25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

Засилените сообраќајно-контролни активности во Полог, секојдневно се реализираат и во последната седмица од овој месец. Само вчера ( 24 април ) на поширокото тетовско подрачје откриени се над шеесетина најразлични видови прекршоци, кои биле заокружени со 29 мандатни, 21 прекршочен платен налог и 12 писмени предупредувања.Меѓу откриените прекршоци, 6 се управување без положен возачки испит, 3 истечена регистрација, 4 возачи-почетници и 9 непрописно паркирање.

Вкупниот број прекршоци на гостиварското подрачје,пак, откриени, исто така, вчера ( 24 април ) изнесувал 9, претежно истечена регистрација и управување без возачка дозвола.

До крајот на месецов и идниот планирано е да продолжат сегашните сообраќајни приоритети на ова подрачје, при што посебен акцент ќе им биде ставен на моторциклистите и лицата кои управуваат без возачки дозволи, а паралелно со тоа ќе се контролира и брзината.Ова, дотолку повеќе што во последно време се случија повеќе сообраќајни несреќи со учесници моторциклисти и поради неприлагодена брзина според условите на патот.

Соња Стрезовски



 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.