16.04.2018 - Пешаците и понатаму страдаат на улиците од пребрзото возење

Два нови случаи на повредени пешаци бележи СВР Тетово, случени минатото деноноќие. Во првиот повреден е 31 годишен пешак во кој возач удрил па побегнал, а во втората, со седумгодишно дете удрел малолетен мотоциклист. Причината и за двете сообраќајни незгоди е неприлагодена брзина, односно пребрзото возење.

И статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, како и СВР Тетово, со фрапантни бројки,кои говорат дека 25 проценти од вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајните незгоди во Македонија се пешаци. Според РСБСП, изразено во апсолутни бројки, во нашава земја, во просек годишно од 30 до 35 лица пешаци го губат животот во сообраќајни незгоди.

А во улога на возачи, граѓаните сообраќајната култура на пешаците ја оценуваат како многу ниска.
Анкета како возачи

Инаку, жителите на скопската населба Ѓорче Петров, за денес најавија нови протести поради вчерашниот инцидент, во кој автомобил удри во 10 годишно дете кое како што објавија некои медиуми, имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. На неколку делници во оваа населба често има сообраќајки поради пребрзото возење.

Соња Стрезовски

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.