16.04.2018 - Фудбалскиот клуб Тетекс со победа над екипата на Гостивар сериозно чекори кон средината на тебалат


Фудбалскиот клуб Тетекс со победа над екипата на Гостивар сериозно чекори кон средината на тебалата И избегнуавње на опасниот дел на табелата за испаѓање од Втората лига.По поразот на гостиварци Македонија Ѓорче Петров е прва на табелата со освоени 38 бодови.



Фудбалскиот клуб Тетекс на домашен терен ја совлада екипата на Гостивар со 2-0 во рамки на 20-тото коло од Втората лига запад. Головите ги постигнаа Менитор Салији во 39-та и Филип Јовановски во 84 минута.

Со победата над фаворизираните гостиварци, Македонија Ѓорче Петров се искачи на врвот на табелата со освоени 38 поени, еден поен предност пред екипата на Гостивар. Екипата на Тетекс со победата над Гостивар сега е на седмо место од табелата со освоени 26 бодови и сериозно чекори кон средината на табелата со цел да ги избегне последните неколку места кои значат испаѓање од Втората лига. Во наредното 21 коло Тетекс гостува на Еуромилк.


И тетовскиот фудбалски клуб Шкендија сигурно чекори кон освојуавње на шампинотот во првата Македонска фудбалска лига. Викендов на гостински терен во Битола ја совладата екипата на Пелистер со убедливи 6-0. Стрелци беа Бојку во 29 та минута, Фазлагиќ зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 на полувреме ги постави Бејтулаи.

Шкендија по само десет минути игра во второто полувреме преку Стенио Жуниор зголеми на 0-4. Капитенот Алими во 62. минута го постигна можеби голот на колото, откако од 30 метри го матира битолски голман. Конечните 0-6 ги постави Радевски во 63. минута.

Со победата над Пелистер, Шкендија ја зацврсти лидерската позиција во правата Македонска фудбалска лига со освоени 69 бодови пред екипатата на Вардар со 49 бода. Во следното 28 коло е дербит Вардар-Шкендија што се игра на 18 април во Скопје.


 
     


 
 
26.04.2018 - Иднината на македонските земјоделци и сточари е прозиводство на органска храна

26.04.2018 - Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници

26.04.2018 - Екипата на Секторот за внатрешни работи Тетово е првак во Институционална футсал лига

26.04.2018 - Семејна драма во Теново, сопругот ја тепал сопругата и ќерката

26.04.2018 - Советот на Општина Тетово ја одржа петтата седница

26.04.2018 - Младите гостиварски каратисти беа дел од Македонската репрезентација на Светското првенство во Истанбул,Турција

26.04.2018 - Почнувајќи од денес, утре и задутре, тетовските занаетчии имаат можност да го посетат саемот на најпознатите производители на рачни и електрични алати

25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.