15.04.2018 - Полициски билтен



СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33 годишен од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. Во периодот од ноември 2017 година до јануари 2018 година пријавениот одзел едно моторно возило „Мерцедес“ и три возила „БМВ“. Како што соопшти МВР, тој користел прилика и ги одземал возилата кога сопствениците ги паркирале и ги оставале незаклучени со клучевите на брава. На тој начин пријавениот предизвикал материјална штета од околу 1.786.400 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 32 годишна жена од Белград, Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражба“. Како што соопшти МВР, на 09 овој месес во 14.00 часот во Гостивар, во куќата на 30 годишна гостиварка каде пријавената била на гости,одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле пронајдено , а српската државјанка. била лишена од слобода. Исто така, на 04.12.2017 година, додека пријавената била на гости кај гостиварката одзела златен накит, кој потоа го продала во продавница за откуп на злато во Белград. Во ноември 2017 година во Ново Село, гостиварско, во куќата 55 годишна жителка, додека пријавената била на гости, во згодна прилика одзела златен накит и го продала во продавница за откуп на злато во Белград. Со извршените кражби пријавената предизвикала вкупна материјална штета од 570.000 денари.

Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.