15.04.2018 - Привршува изградбата на параклис во дворот на црквата Света Богородица



Од првична идеја за помошен објект за палење на свеќи во црквата "Света Богородица" во Тетово до иградба на параклис. Црковниот одбор по добиените препораки од ликовни експерти дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година решава да започне со градење на помошен објект. Со благослов на Неговото високопреосвешетенство митрополитот тетовско гостиварски Г. Јосиф објектот прераснува во параклис, кој најверојатно за еден месец ќе биде и осветен.


Параклисот освен како место за палење на свеќи од трсна на верниците од практични причини во иднина ќе се користи и за богослужби.


За време на велигденските празници поради големиот број верници кои се собират во овој божји храм параклисот беше ставен за привремена употреба, а до неговото осветување свеќи повторно ќе се палат внатре во црквата "Света Богородица".

Параклисот во дворот на црквата "Света Богородица" во Тетово е граден со помош на донации од хумани граѓани. Со оглед на висината на инвестицијата, потребни се уште парични средства или било каква помош која верниците можат да ја дадат за да се заврши изградбата на овој објект.


Наташа Петровска


 
     


 
 
26.04.2018 - Иднината на македонските земјоделци и сточари е прозиводство на органска храна

26.04.2018 - Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници

26.04.2018 - Екипата на Секторот за внатрешни работи Тетово е првак во Институционална футсал лига

26.04.2018 - Семејна драма во Теново, сопругот ја тепал сопругата и ќерката

26.04.2018 - Советот на Општина Тетово ја одржа петтата седница

26.04.2018 - Младите гостиварски каратисти беа дел од Македонската репрезентација на Светското првенство во Истанбул,Турција

26.04.2018 - Почнувајќи од денес, утре и задутре, тетовските занаетчии имаат можност да го посетат саемот на најпознатите производители на рачни и електрични алати

25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.