15.04.2018 - Зачести семејното насилство во полошко


Сопруг ја истепал својата сопруга и ја избркал од дома, маж и нанел тешки телесни повреди на својата невенчена сопруга.


Ваквите наслови во полициските извештаи се се почести .Семејното насилство во полошко зема се поголем замав.


Од СВР Тетово, велат дека за првото тромесечие од годинава регитрирани се 17 кривични дела семејно насилство, а поднесено има и 60 поплаки за овој вид насилство.


Бројката е уште поголема соопштуваат од полицијата, ако се земе предвид фактот дека поради страв, насилниците не секогаш се пријавуваат поради извршените дела, а сопругите ги повлекуваат тужбите, најчесто поради финансиска зависнот од нивниот брачен партнер.


Од невладината Женски форум, велат дека во Македонија постои добра законска регулатива за заштита на жртвите на семејното насилство, но законите не се спроведува во праска, поради немање на услови за згрижување на жртвите, но и човечки капацитет во институциите кои би работеле со нив.


Затоа жртвите или не ги пријавуваат случаите, или пак се откажуваа од нив, поради страв дека нема да бидат заштитени докрај .


99 % од жртвите на семејното насилство во полошко се жени, кои се најчесто без работа и со ниски примања, односно економски зависни од своиуте сопрузи.

Се регистираат случаи на физичко, психичко и економско семејно насилство. Како резултат на овој вид насилство, лани во Гостивар почина една жена по здобиените повреди од својот сопруг.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.