14.04.2018 - Идната седмица под мотото Вашиот прилог-значајна помош , ќе се одбележи како Недела на солидарност

Црвениот крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен крст Тетово, оваа година од 16 до 22 април под мотото: *Вашиот прилог - значајна помош*, ќе ја одбележи *Неделата на солидарност* со цел да се подигне свеста на населението за подобрената меѓусебна поддршка и помош за ранливото население.

За поорганизирано спроведување на хуманитарната акција во рамките на неделата, ќе се организира Собирна акција за обезбедување помош во: храна, облека, обувки, средства за хигиена, како и парични средства. Помошта ќе се обезбеди од граѓаните, како и од правните субјекти.

Во текот на акцијата заинтересираните граѓани и правни субјекти ќе можат да донираат 100 денари со повик на мобилни телефонски броеви 070/075/077 - 143-400. Нивната донација можат ја уплатат и на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална Банка.




 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.