14.04.2018 - Вчера попладне во гимназијата во Гостивар регистриран е инцидент во кој биле повредени две лица

Инцидент кој се случил вчера попладне во гимназијата во Гостивар го потпали огнот на нетрпение меѓу гостиварските ограноци на Алијанса за Албанците и на ДУИ. МВР соопшти дека во дворот на гимназијата е регистриран случај на нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во кој учествувале четири лица, двајца вработени во училиштето и две други лица. Имало и физички напад на кој му претходела вербална расправија, а кој завршил со две повредени лица.

Од Алијанса за Албанците обвинија дека во гимназијата биле нападнати двајца професори по инструкции на ДУИ и актуелниот директор на училиштето Џези Камбери и дека мотивите биле политички. „Ги повикуваме Заев, Спасовски и Дескоска да ги запрат бандитите на ДУИ во Гостивар, а надлежните институции да го санкционираат ваквото однесување“, изјавија од Алијансата.

Со своја реакција излегоа и од огранокот на ДУИ. Според нив, двајцата професори биле тие кои го нападнале директорот на гимназијата. „Го осудуваме ваквото однесување на двете лица кои се партиски активисти на Алијансата и ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи бандитските активности на Таравари и неговите луѓе“, се вели во соопштението на ДУИ.

Од МВР информираа дека со овластување од јавен обвинител, бил извршен и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Џези Камбери, кадар на ДУИ е еден од директорите кои беа вратени на раководните места во училиштата откако Министерството за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.