13.04.2018 - На првиот петок кој доаѓа по Велигден, православните христијани го прославуваат празникот Балаклија, во чест на Пресвета Богородица

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Мајката божја и нејзините чуда, Источен Петок-Балаклија, кој секогаш се слави на првиот ден петок по празникот Велигден.

Во Гостивар централното празнување традиционално се случува во црквата Св.Петка, најстариот храм во градот. Со светата литургија утрово чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски Г.Јосиф, во сослужение на свештеници од гостиварското архиерејско намесништво.

Црквата Св. Петка во Гостивар ја посетија голем број верници, кои се поклонија пред иконите и според обичаите оставаа велигденски јајца.

Источен Петок-Балаклија е празник со кој се оддава признание на Пресвета Богородица, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Празникот освен во градската црква Св. Петка, православните христијани од гостиварско со голем црковно-народен собир го одебележуваат и во селото Долно Јеловце.


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.