22.03.2018 - Повредени двајца војници во тетовската касарна

Војниците простреланите рани во надколеницата и подколеницата ги добиле при чистење на митралез во Тетовската касарна Кузман Јосифоски во Тетово. Инцидентот се случил околу 10 часот. При чистењето на оружјето испукан бил еден курушум кој ги погодил и двајцата професионални војници во левата нога.

- Според првичните информации, при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум, при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници Мирослав Јовановски и Вели Шабани. Веднаш по настанот, тие се пренесени во Јавната Здравствена Установа во Тетово од каде се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар Скопје. Двајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност. Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста дополнително ќе биде известена - се вели во официјалното соопштение од Армијата.

Тие веднаш се пратени во Хуруршкото одделение при Клиничката Болница во Тетово, каде првично им се санирани повредите, но поради големите фрактури кои го задобиле, препратени се на скопските клиники. И двајцата се во стабилна здравствена состојба

- Во нашата хирушка амбуланта беа донесени двајцата повредени. Со скопетални рани, повредени во регијата на левата потколеница и левата надколеница на вториот. Поради нивната шокова состојба бевме принудени да ги внесеме во сала да се стабилизира нивната општа состојба. Успеавме да го запреме крварењето и да ги мобилизиравме екстремитетите на повредените. Не се во животно загрозувачка состојба - рече докторот од тетовската болница.

И од Карил Скопје потврдуваат дека двајцата војници се во добра здравствена состојба, и во текот на денот ќе им се изврши операционен зафат.

Војниците од тетовската касарна изминативе неколку дена имале воена вежба. Денеска двајцата повредени едниот од Скопје другиот од тетовско Сараќино, добиле задача да го исчистат оружјето во еден од хангарите каде било складирано.

Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста информираат од Генерал Штабот на АРМ, дополнително ќе биде известена.


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.