22.03.2018 - Непознат напаѓач со нож повредил тетовец




Триесет и двегодишен тетовец вчеравечер околу 22 часот, пријавил дека непознато машко лице час и половина пред тоа физички го нападнало на улица „Видоја Смилевски-Бато“, откако слегол од такси возило со кое се превезувал, соопшти СВР Тетово. Непознатото лице, според кажувањето на пријавителот се обидело да го удри, по што со нож го повредило на левата страна од главата, од што паднал на тротоар покрај едно возило и ја повредил левата рака, додека напаѓачот со друго женско лице заминал од местото. Се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот.

Четириесетгодишен тетовец вчеравечер околу 19 часот и 50 минути пријавил дека засега непознати сторители му го одзеле возилото-џип „Ланд ровер“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на неговиот татко, соопшти СВР Тетово. Непосредно пред тоа, запрел на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, слегол од возилото и влегол во аптека за да купи таблети. Кога излегол од аптеката, возилото во кое имал повеќе лични и други документи, веќе го немало на тоа место. Причинетата материјална штета се проценува на 50 илајди евра. Се превземаат мерки и активности за откривање на сторителите и пронаоѓање на возилото.

Од полицискиот билтен и информација за опожарено возило. Ноќеска околу 1 часот, опожарено е патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистерски таблици, сопственост на 23-годишна од Долно Седларце. Вечерта околу 19 часот, таа го паркирала возилото, а половина час по полноќ забележала дека е избувнат пожар во предниот дел од истото. Со ангажирање на соседите, пожарот целосно е изгаснат.


Наташа Петровска

 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.