21.03.2018 - На денот на екологијата во училиштата се држеше настава наместо работни акции






Годинава за прв пат изостанаа работните акции за чистење и уредување во училиштата кои традиционално се организираа по повод Денот на екологијата. Долги години наназад на првиот ден на пролетта во сите училишта учениците беа задоолжени да учествуваат во сеопфатно чистење на училниците и дворовите, а истовремено се засадуваа дрвја и се уредуваше зеленилото. Денес во сите тетовските училишта се држеше настава според редовниот распоред и според годишната програма на Министерството за образование.

Но, во некои училишта самоиницијативно сепак беа спроведени одредени еколошки активности со цел да се одбележи денот и да се потсетат децата на нивнатата обврска да ја чуваат околината чиста.

Денот на екологијата е врзан со денот на пролетта од причина што од денес почнува и официјалното будење на природата, а најверојатно со тоа треба да се разбуди и нашата свест за почиста и поздрава околина .
Но, иако очекувањата за првите пролетни денови се секогаш оптимистички во поглед на временските прилики, за жал метеоролозите прогнозираат снег и заладување.
Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предзвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Можна е изолирана појава на замзрнат дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Како што најавуваат од УХМР, во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кој крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат ниски и ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд



Наташа Петровска


 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.