20.03.2018 - И нивите во околината на село Требош тонат во тиња



И нивите во околината на село Требош тонат во тиња. Поради поројните дождови Поројска река се излеа и вчера ја поплави земјоделската површина долж патот кој воид кон Требош.



Доведена е во прашање пролетната сеидба во дел од земјоделската површина во околината на село Требош. Нивите тонат во тиња, откако вчера се излеа Поројска река, долж патот кој води кон ова населено место.



Водата денеска е повлечена, но земјоделците велат дека не ќе можат да влезат со трактори за да ораат а пролетната седидба е на прагот.


Велат дека со години бараат да се регулира Поројска река, која при секој поголем пороен дожд се излева и ги поплавува нивите. Бараат властите што поскоро да го изградат речното корито.




Од Општина Желино велат дека вчера имале состанок со градоначалничката на Тетово и Центарот за полошки плански регион.

Договорено е да се регулира коритото на Поројска река на местата каде што секоја година се излева, долж патот кој води кон Требош. Проектот ќе се реализира годинава, вели градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу.


Поради нерегулираното корито на река Вардар, и жителите од Општина Јегуновце се соочуваат со поплави после секој пороен дожд. Нивите во неколку села од оваа општина, се уште тонат во тиња.

 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.