21.03.2018 - 66 годишен жител на долнореканското село Врбјани бил пронајден мртов



66 годишен жител на долнореканскот село Врбјани бил пронајден мртов во близина на Маврово во месноста Казане. Мртвото тело го пронашле ноговите пријатели кои заедно со него тргнале на лов.


Мртвото тело на 66 годишниот жител од долнореканскот село Врбјане го пронашле двајцата негови пријатели од Маврово вчера околу 19 чассот. Тројцата се договориле И заминале на лов

Се разделиле на различни страни, а по еден час откако телефонски не им се јавувал, двајцата мавровци почнале да го бараат и го пронашле паднат на левата страна од патот во месноста вакана Казане во близина на село Маврово

Кога се доближиле до него забележале дека не дава знаци на животот и дека е починат, по што го пријавиле случајот во Полициското одделение Маврово.

Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид и при тоа не се пронајдени траги на насилство, а по наредба на јавниот обвинител денеска ќе се врши обудкција над безживотното тело.


Полицискиот билтен бележе и физички напад на семејна веселба. Триесет и седумгодишен тетовец вчера пријавил дека на околу 1 часот додека бил на семејна веселба во угостителски објект во Гостивар, физички бил нападнат од неговиот братучед кој во два наврати го удрил со тупаници, бидејќи наводно го навредил, а на излегување од објектот тој и уште две лица повторно го нападнале и му нанесле тешки телесни повреди, по што тетовецот се обратил за лекарска помош и доставил соодветна медицинска документација. Се работи на целосно расчистување на пријавениот случај.


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.