20.03.2018 - Денес е ден на среќата




Дали сме среќни, но и колку сме среќни и исполнети? Прашања кои најверојатно секој од нас барем еднаш ги поставува во животот. Ако досега не сте размислувале време е денес искрено да одговорите и да поработите на проблемот бидејќи на 20 март се одбележува Меѓународниот ден на среќата, ден востановен токму за да се сврте вниманието кон ова емоција.
Тетовци не се доволно среќни, а за да бидат посреќни им се потребни здравје и пари.

(тонски анкета)

Македонија е на 89. место на светската ранг листа за среќа на која се опфатени 156 земји, покажува Извештајот за среќа за 2018 година што го објави Организацијата на Обединетите нации. Од земјите во регионот, најсреќни се Словенците на 51. место, а следуваат Косово (61), Србија (78), Грција (79), Црна Гора (81), Хрватска (89), БиХ (93) и Бугарија (110). На врвот на листата на среќа на ОН е Финска, пред Норвешка и Данска, а во топ 10 најсреќни семји се и Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Најнесреќни во светот се граѓаните на Бурунди. ОН го обајвуваат светскиот извештај за среќа, а се изработува врз основа на истражувања во секоја од 156 рангирани земји. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, исреноста и здравјето.

Психолозите препорачуваат неколку начини за да поработите на среќата. На прво место место е да се прифатете се себеси и да не тежнеете кон невозможни работи. Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете. Потоа насочете ги мислите во позитивен правец, кога губите сметајте го тоа како лекција. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ. Уживајте во она што го правите И последно, но не и најмалку важно, престанете да се грижите, бидејќи дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.

Меѓународниот ден на среќата прв пат беше одбележан на 20 март 2012 години откако Обединетите Нации во 2011 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.



Наташа Петровска

 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.