20.03.2018 - Познати победниците на Државниот натпревар во франкофонска песна 2018

Француската Алијанса во Тетово ги објави резулатите од Државниот натпревар во франкофонска песна 2018, кој минатиот викенд се одржа во Тетово.

Во конкуренција од 74 ученика од основните и средните училишта од повеќе градови во земјава беа избрани неколкумина кои најдобро ги покажаа своите вокални и интерпреторски квалитети изведувајќи песни на француски јазик.
Првото место во категоријата основни училишта го освои Симеон Гошев од ОУ Димитар Миладинов од Скопје. Втора е Јована Здравевска, од ОУ Даме Груев од Битола, додека третото место го делат: Александра Трајчевска од ОУ Кире Гаврилоски Јане од Прилеп, Нарта Саити од ОУ Лирија од Тетово и Бора Селмани од истото училиште.

Во категоријата средни училишта најдобра беше Дајана Филипоска од Гимназијата Свети Кирил и Методиј од Неготино. Второто место го освои Уна Николоска од Гимназијата Раде Јовчесвски Корчагин од Скопје, додека третото место го делат: Емилија Данилоска од Средното економско училиште од Гостивар и Ана Велјаноска од Гимназијата Свети Кирил и Методиј од Неготино.

Првонаградените на ова натпреварување ќе ја претставуваат Македонија како гости на нивниот национален натпревар кој ќе се одржи на 25ти месецов во Ниш, Србија.

 
     


 
 
26.04.2018 - Иднината на македонските земјоделци и сточари е прозиводство на органска храна

26.04.2018 - Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници

26.04.2018 - Екипата на Секторот за внатрешни работи Тетово е првак во Институционална футсал лига

26.04.2018 - Семејна драма во Теново, сопругот ја тепал сопругата и ќерката

26.04.2018 - Советот на Општина Тетово ја одржа петтата седница

26.04.2018 - Младите гостиварски каратисти беа дел од Македонската репрезентација на Светското првенство во Истанбул,Турција

26.04.2018 - Почнувајќи од денес, утре и задутре, тетовските занаетчии имаат можност да го посетат саемот на најпознатите производители на рачни и електрични алати

25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.