13.03.2018 - Акција за ослободување на тротоарите




Под мотото "Твој град, твоја јавна површина", општина Тетово започна да спроведува акција за ослободување на тротоарите, пешачките патеки и зелените површини од импровизирани тезги, маси и слично за да се овозможи слободно движење на граѓаните.За оваа намена е изработен видео спот кој се емитува на медиумите и социјалните мрежи, а според информациите од локалната самоупрва сите сопственици на деловни простории добиле известување и рок од 8 дена да ги ослободат јавните површини.
Тој рок изминал вчера, а на профилот на градоначалничката на социјална мрежа Фејсбук беа објавени фотографии според кои на делови од Тетово било постапено според насоките на инспекциските служби.

„Сопствениците на продавниците соработуваа со општинските инспектори и во согласност со нивните барања и го остранија стоките, материјалите и инвентарот од тротоарите и зелените површини“ беше истакнато на социјалната мрежа.

Денес нашата камера се обиде да ги регистрира првичните активности на општинскиот инспекторат, но со оглед на тоа што е почеток на акцијата, најверојатно ќе почекаме на видливи резултати. На терен, пред се на тротоарите се уште може да се видат многу тезги и инвентар на угостиотелските објекти.

Од канцеларијата за односи со јавноста ни рекоа дека по завршувањето на акцијата за сработеното и ефектите ќе биде презентирано во изјава за медиумите.

Од општина Тетово нагласуваат дека сакаат преку информирање да поттикнат постојано почитување на Законот за јавна чистота, за да не дојде до ситуација да се употребат казнени мерки од страна на Општинскиот инспекторат, СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат. Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период и на сите улици во градот, а ќе трае онолку долго колку што е потребно, се додека не се ослободат сите јавни места кои се наменети за сите граѓани, информираа општинскиите власти.



Наташа Петровска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.