12.03.2018 - Тетово го гушат старите проблеми

Нова пролет, стари проблеми. На Тетово му е неопходна пролетна генералка. На улиците, тротоарите, на парковите и останатите зелени површини, на контејнерите... На многу локации во градот.

Направивме обиколка низ градот за да им ги посочиме најприоритетните проблеми на локалните власти, кои периодов ги одлагаа работите на терен под изговор дека беше зима. Тргнавме од горниот дел на градот. А таму, купови ѓубре на влезот на православните гробишта во Тетово, а таму три години стои започнатиот - недовршен објект на тетовската капела, обиколен повторно во отпад. Кучиња скитници, дупки, непоплочени тротоари и запуштени паркови.

Сликата на градот е како никој да не се грижи за него. Ниту луѓето, ниту локалната власт. Пролетта доаѓа, ги прашуваме тетовци што најпрво треба да се сработи.

Ако надежта за подобро утре останува последна, некои од анкетираните граѓани и неа ја немаат. Речиси и да се навикнале на овој градски хаос, а проблемите пред своите врати - сами ги решаваат, оти општината за нив, одамна нема слух, велат тие.

Пролетното средување на домовите, обично подразбира ослободување на непотребните работи. Во Тетово има многу такви а општинските власти полни раце работа.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.