13.03.2018 - "Моето паметно училиште" во Земјоделското училиште

Пет дена Средното земјоделско училиште Моша Пијаде од Тетово ќе биде домаќин на проектот Моето паметно училиште, пречекувајќи ученици и професори од четири земји.

Активностите започнаа вчера кога всушност учесниците беа запознаени со деталите на проектот и притоа беа формирани тимови кои заеднички ќе изработуваат дигитални содржини за одредени предмети. Утре ќе го посетат Универзитетот на Југоисточна Европа каде ќе ја презентираат својата земја преку користење на онлајн алатка.

Активностите продолжуваат во четврток со посета на Охрид, за гостите да се запознаат со нашата култура и убавините на земјава, додека во петок е завршната активност на доделување сертификати и награди.

Гостите задоволни од соработката со Земјоделското училиште и задоволни од престојот во нашата земја.

Проектот Моето паметно училиште е дел од Еразмус плус програмата, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
22.06.2018 - За викендов е закажан меморијалниот марш Марко Илиевски во организација на планинарскиот клуб Тетекс од Тетово

21.06.2018 - Здружението Институт за развој на заедницата заедно со своите партнери развија методологија за дистрибуција на средства од буџетот на општината

21.06.2018 - 52-годишен жител на Јажинце вчеравечер во полиција пријавил физички напад

21.06.2018 - Јетон Беќири е новиот тренер на фудбалскиот клуб Ренова

20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.