12.03.2018 - Почист воздух оваа зима во Тетово во споредба со минатата




Тетовци минатиот месец имале привилегија да дишат почист воздух од оној што со години го дишеа. Овој февруари измина со најмалку денови со загадување на воздухот во последниве 6 години. Како што објави Министерството за животна средина и просторно планирање на својата интернет страна во месецот што измина регистрирани се вкупно 19 дена кога концентрацијата на пием 10 честичките била над дозволената гранична вредност.

Од почетокот на годинава заклучно со месец февруари се регистрирани вкупно 46 дена со загаден воздух, што е за 5 дена помалку од истиот период лани и за 9 дена помалку во споредба со истиот период во 2016 година.

За среќа и месечниот просек на концентрацијата на пи ем 10 честичките е далеку понизок во споредба со концентрацијата во зимските месеци. Средната вредност од дневното присуство на канцерогените честички во воздухот вп Тетово во февруари била 63 микрограми на метар кубен, додека истиот месец лани била 91 микрограми на метар кубен воздух. Само во три дена имало концетрација за двојно повеќе од безбедната по здравје вредност, за ралика од февруари минатата година кога во 7 дена биле мерени средно дневни концентрации од двојно повеќе до за 6 пати повеќе.

Според податоците што ги објавува Министерството за животна средина и просторно планирање од година в година се бележи имале подобрување на квалитетот на воздухот што го дишат тетовци во зимските месеци. Ако во декември 2014 и 2015 година речиси сите денови од месеците декември и последователно јануари и февруари биле со аерозагадување, во декември 2016 година се регистрирани 26 дена, а во декември 2017 година 21 ден со аерозагадување.



Наташа Петровска

 
     


 
 
22.06.2018 - За викендов е закажан меморијалниот марш Марко Илиевски во организација на планинарскиот клуб Тетекс од Тетово

21.06.2018 - Здружението Институт за развој на заедницата заедно со своите партнери развија методологија за дистрибуција на средства од буџетот на општината

21.06.2018 - 52-годишен жител на Јажинце вчеравечер во полиција пријавил физички напад

21.06.2018 - Јетон Беќири е новиот тренер на фудбалскиот клуб Ренова

20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.