12.03.2018 - Украден златен накит вреден околу 430 илјади денари во куќа во Чегране

Кражба на накит вреден 430 илјади и 500 денари регистрирана во куќата на жител на гостиварското село Чегране, времено вработен во Германија. Кражбата вчера ја пријавил 58-годишен чегранец. Според информациите на СВР Тетово непознати сторители во периодот помеѓу 8-ми и 10-ти овој месец, насилно влегувајќи во куаќата, одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит ( ќустек, алки, прстени и друго ) по што незабележани од никого, на ист начин како што влегле, ја напуштиле куќата.

Во периодот помеѓу 8-ми и 11-ти март, засега непознати сторители извршиле кражба во куќата на 82-годишник во долнореканското село Врбјане. Без да пребаруваат, од кошница која била заклучена во дрвен сандак, во згодна прилика, одзеле 450 евра во разни апоени, 20 франци, извесна сума денари и албански леки, како и повеќе парчиња разновиден златен накит. Кражбата ја пријавил синот на сопственикот на куќата.

Се преземаат мерки и активности за расветлување на двте пријави и откривање на сторителите.

Во билтенот на СВР Тетово регистрирана и сообраќајна незгода која се случила вчера околу 19 часот и 30 минути, на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на Добарскиот надвозник. Во неа учествувале две моторни возила со тетовски регистерски таблици: патничко„Опел тигра“ за кое се пријавил дека го управувал 21-годишник од Ларце и товарно возила „Фолсфаген кеди“, управувано од 36-годишниок од Желино. Во несреќата, двајцата возачи и 17-годишен сопатник од „Опелот“ се задобиле со телесни повреди, пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.

Според првичните сознанија од извршениот увид, првична за несреќата е неприлагодена брзина според условите на патот, додека вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари.




 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.